Кукан: Мицотакис рече дека нема да биде целосно негативен кон компромисот за името

255

Словачкиот европратеник од ЕПП и чест медијатор во македонската политика, Едуард Кукан, на конференција во Брисел со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, порача дека лидерот на Нова демократија во Грција им признал на членовите на ЕПП дека нема да биде „комплетно негативен“ кон решението за името.

– Не можам да ви кажам што точно ни кажа лидерот на Нова демократија, но рече дека не би бил комплетно негативен кон решавањето на спорот за името, изјави Кукан.

Кукан, запрашан да допрецизира што точно рекол Мицотакис, изјави „знаете тоа е задкулисна работа, има работи за кои не можете да зборувате пред новинарите затоа што ќе и наштетите на вашата кауза“.

Членовите на ЕПП потоа на лидерот на Нова демократија му порачале дека „треба да ја гледаат работата од поширока перспектива“, рече Кукан.

– Тие треба да ги земат предвид сите добри работи кои решението би и ги донеле и на Македонија но и на Грција. Мора да бидете визионер, изјави Кукан.