Крилото на БЕСА на Гаши е за уставните измени и за членството во НАТО

175

Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени од една друга партија во Движењето БЕСА, му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата која ја претставуваат, се наведува во соопштението на Африм Гаши, чие крило на БЕСА се изјасни во полза на уставните измени.

– Притоа, ние уште еднаш потврдуваме дека Движењето БЕСА со своите три пратеници останува силно посветено на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО, убедена дека на тој начин се реализира и еден дел од нашата програма, но и еден висок интерес на Албанците во Македонија, кој воедно е и стратешка цел на државата – се вели во соопштението.