Коѕијас ќе биде пречекан со протест

202
Фотографии: Игор Бансколиев

„Стоп на преговорите за името, Македонија на Македонците!“, под ова мото, неколку 

здруженија денеска излегуваат на протест пред доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.

Протестот почна пред Порта Македонија во 11 часот, по што демонстрантите ќе се движат кон Министерството за надворешни работи, а од таму кон Владата.

– Да го пречекаме како што доликува! Да го пречекаме по македонски! Да му покажеме до каде е и чија е Македонија – стои во најавата за протестот.