Коѕијас го брифирал Столтенберг за текот на преговорите за името

531

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас го известил генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за текот на преговорите за името, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Коѕијас на вчерашната средба во позитивен контекст му го споменал фактот што Северноатлантската Алијанса останала надвор од преговорите.

– Според дипломатски извори, Коѕијас го извести Столтенберг за текот на преговорите за името со ПЈРМ и рече дека го цени фактот што алијансата не се вмеша – пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.