Ковачев: Нивото продолжува да ви паѓа

1093

По изјавата на Стево Пендаровски

Нивото продолжува да ви паѓа, реагира бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, откако македонскиот претседател, Стево Пендаровски вчера изјави дека со политиката на негирање на македонскиот народ и јазик, Бугарија покажува дека не може да излезе од времето на Тодор Живков.

– Браво за Пендаровски! Конечно разбравме што се случи: Христо Татарчев, Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Григор Парличев и сите други преродбеници и револуционери се идентификуваа како Бугари затоа што ги следеа упатствата на Тодор Живков – се вели во реакцијата на Ковачев, пренесе БГНЕС.

Пендаровски во изјавата посочи дека Живков е основоположник на позициите дека не постои македонски народ и македонски јазик.