Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

291

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на Балканот, доколку не донесе одлука за пристапни преговори со Скопје и Тирана.
– ЕУ се соочува со можност за колапс на целата нејзина политика и кредибилитет во врска со Балканот, бидејќи Франција се заканува дека ќе стави вето на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија. Да се надеваме дека лидерите подоцна денеска и утре ќе го избегнат ваквиот колапс – порача Билд на „Твитер“.

Карл Билд е шведски политичар, дипломат и нобеловец. Тој беше премиер на Шведска од 1991 до 1994 година и лидер на либералната партија на Шведска од 1986 до 1999 годиа. Исто така беше и на функцијата министер за надворешни работи од 2006 до 2014 година.