Каракачанов: Бугарската власт била со Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите се фашисти

1202

 Историски факт е дека бугарската власт и царот биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти, истакна бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, при онлајн-вклучувањето на радио Канал 77 во моментот додека гостин во студиото беше и македонскиот премиер Зоран Заев.

Каракачанов се осврна и на масакрот во Ваташа, кој според него се случил поради војувањето на државата и комунистите, а не бидејќи населението било македонско.

Заев, пак, истакна дека Договорот за добрососедство со Бугарија може да даде резултат ако се спроведе, и ако двете страни се почитуваат во преговорите.