Каменос: Пратениците од АНЕЛ нема да гласаат за доверба на Владата

1064

Лидерот на Независни Грци (АНЕЛ), Панос Каменос, денеска на прес конференција јасно стави до знаење дека пратениците во неговата парламентарна група нема да гласаат за доверба на владата.

Каменос се обрати пред јавноста откако претходно ја објави својата одлука да поднесе оставка како министер за одбрана и да се повлече од Коалициска влада на СИРИЗА-АНЕЛ.

– Гласањето за поддршката на владата ќе биде еднакво на поддршката на Договорот од Преспа – рече тој.

Според Каменос, вклучувањето на терминот Македонија во името на соседната земја е единствената причина поради која ја напушта Владата.