Какламанис: Изјавите на Нимиц се неприфатливи

296

Четвртиот потпретседател на грчкиот Парламент од редовите на Нова демократија, Никитас Какламанис, кој од утрово ја води седницата за ратификација на Договорот од Преспа, на почетокот на денешната расправа, најпрво го осуди нападот врз домот на пратеничката од СИРИЗА, Теодора Ѕакри, а потоа ги коментираше како „неприфатливи“ вчерашните изјави на медијаторот Нимиц, јави дописничката на МИА од Атина.

-Моето лично мислење е дека верувам дека сите колеги во салата, и оние што ќе гласаат „за“ и оние што ќе гласаме „против“, одлуката е резултат на нивното слободно размислување и поддршка на политичката линија на нашите партии. Во ова смисла, ги сметам за неприфатливи, вчерашните изјави на господинот Нимиц – рече Какламанис.