Кадровски смени во раководството на СДСМ

487

Шесте потпретседатели на СДСМ се разрешени, заедно со генералниот секретар на партијата, ова се првичните информации од вечерашната седница на Централниот одбор на партијата.

На местото на Александар Кирацовски, за нов генерален секретар на СДСМ е избран Љупчо Николовски, актуелниот министер за земјоделство.

Досегашни потпретседатели на партијата беа Фросина Ременски, Мухамед Зекири, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски.

Заев најави дека списокот со имиња на функционерите кои ќе си заминат како и причините ќе ги објави во првата половина од јуни. Се најавува дека ќе направи смени на осум министерски позиции.