Италија ќе предложи ЕУ повторно да ги отпочне преговорите во ноември

637

Италијанскиот премиер Џузепе Конте порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги отпочне преговорите за проширување на блокот кој ги вклучува Македонија и Албанија, откако ЕУ ги блокираше преговорите со овие две земји.

На прес конференција, Конте рече дека одлуката на лидерите на ЕУ на самитот во петокот да не им дозволат на двете земји да отпочнат претпристапни преговори е историска грешка.