Исланд го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

399

Исланд денеска го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, објави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на Фејсбук.

– Благодариме Исланд. Уште еден доказ за нашата успешна надворешна политика. Денеска парлементот на Исланд, го ратификуваше протоколот за членството во НАТО, за Северна Македонија- напиша Николовски.
Со оваа ратификација, додава тој, 28 од 29 земји членки ја завршиле постапката за ратификацијата на протоколот за НАТО односно таа е во крајна фаза.