Измените во собранискиот деловник ќе се разгледуваат по скратена постапка

87

Со 61 глас „за“, усвоена е потребата за измена на собранискиот деловник по скратена постапка, на денешната собраниска седница која почна без присуство на опозицијата.

Предлагачот на измените, собранискиот спикер Талат Џафери, посочи дека целта не е воведување на онлајн работа за целото Собрание, туку за пратениците кои не можат да присуствуваат физички на седниците поради коронавирусот.

Предлогот допрва треба да помине на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за повторно да се врати на гласање на пленарна седница. Опозицијата која останува против, порача дека ќе учествува на комисиската расправа.

Се очекува на денешната седница да бидат доставени предлози за избор на двајца заменици на Џафери.