Изгласан законот за јавно обвинителство

306

Собранието го донесе законот за јавно обвинителство. За законот гласаа 80 пратеници, а шест беа против. Гласањето беше повторено, откако првично за законот гласаа 74 пратеници. Образложението на претседателот Талат Џафери беше дека на дел од пратениците не им било регистрирано гласањето.

Откако констатираше Џафери дека законот е донесен, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скокнаа од своите места и извикуваа: не важи, не е донесен“, а координаторот на пратеничката група извика,криминалци, срамота е ова што го правите.

Претседателот даде пауза од еден час, по што следува гласањето за законот за совет за јавни обвинители.