Избор на ново партиско раководство во СДСМ

168

Во Охрид денеска ќе се одржи деветтата седница на Централниот одбор на СДСМ.

На седницата ќе се дебатира за суштинските промени во партијата, новит систем на делување и работа на партијата, напредокот на државата, а се очекува и заокружување на внатрепартиските промени и избор на ново партиско раководство.

Овие внатрепартиски промени следат откако премиерот и лидер на партијата Зоран Заев најави дека ќе го врати мандатот ако Македонија не добие датум за преговори со ЕУ. Заев најави и реконструкција на Владата со најмалку шестмина нови министри.