Игор Јанушев се повлече од функцијата

285

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се повлекува од партиската функција, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Поради лични причини, се повлече Игор Јанушев, но тој ќе продолжува да придонесува и да помага во ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. Му се заблагодарувам за досегашниот ангажман – рече Мицкоски.

Новиот состав на ИК ќе го сочинуваат: Александар Николовски, Владимир Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриеска-Кочовска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонио Милошоски.