Иванов разговараше со Дариесек за билатералната соработка со Франција

203

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја прими Женевиев Дариесек, државната секретарка во Министерството за вооружени сили на Франција.

На средбата беа разменети мислења за билатералната соработка меѓу Република Македонија и Франција.

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, беше изразено задоволство од континуираната одлична соработка во областа на одбраната и беа разгледани можностите за нејзино натамошно продлабочување и интензивирање.

Во контекст на европските и евроатлантските аспирации на Македонија, претседателот Иванов истакна дека членството во ЕУ и НАТО останува наша стратешка цел.