Иванова: Неточни и целосно неосновани се обвинувањата на Милошоски

197

Генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, го отфрла како неточен и целосно неоснован обидот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, да ја обвини за политички интервенции во работата на Собранието.

– Со политички манипулации, несоодветни алузии и без никакви докази, пратеникот Антонијо Милошоски на денешната прес-конференција го стави името на Иванова во политички контекст, кој не е и не може да се доведе во никаква корелација согласно позицијата што ја врши во Собранието.

Согласно Деловникот на Собранието, генералниот секретар на Собранието ги извршува работите што ќе му ги довери претседателот на Собранието, му помага во подготовките и организирањето на седниците на Собранието и врши други работи утврдени со Деловникот.

Генералниот секретар ја организира и усогласува работата на Службата на Собранието и донесува правилници, упатства и други акти за работа на Службата. Од тие причини, Иванова ги осудува сите обиди за какви било политички игри кои ја вклучуваат неа и собраниските служби – се наведува во реакцијата од кабинетот на Иванова.