Знамето на НАТО утре ќе се развиори пред Владата

596

На свечена церемонија утре ќе биде поставено знамето на НАТО пред Владата на Република Македонија, која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија, најави владината прес служба.

Како што најавија од Владата, во склоп на настанот, свое обраќање ќе има премиерот Зоран Заев.

Претходно утринава од Владата беше отстранет натписот „Влада на Република Македонија“.