Зелено светло и од Канада за членството на Македонија во НАТО

115
Фото: Игор Бансколиев

Канада е најновата во низата земји кои го ратификуваа Протоколот за членство на земјава во НАТО алијансата.

Денес Канада со задоволство го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Се радуваме што во блиска иднина ќе и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на алијансата се вели во објавата на твитер-профилот на канадското министерство за надворешни работи.

Канада е 18-та земја членка на Северноатланската алијанса која го ратификуваше Протоколот, откако пред десетина дена тоа го направија Германија и Естонија.

Во меѓувреме, во тек е постапката за ратификација и во Сенатот на САД, а се очекува ратификацијата на Протколот во Вашингтон да се случи до крајот на летово.

Со ратификацијата на Протоколот од 29-те земји сојузници во Алијансата, Македонија и официјално ќе стане 30-та членка на НАТО.