Захариева: Говорот на омраза во Северна Македонија е целосен безобразлук

1339

Она што се случува со говорот на омраза во Северна Македонија во последно време е целосен безобразлук, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во емисија на бугарската телевизија „Нова“. Таа вели дека многу пати било официјално сигнализирано за говорот на омраза од страна на Македонија.

– Повеќе од година и пол немаме одговор за програмата за култура, образование и спорт. Дури сега тие одлучија да одговорат на предлогот на Министерството за одбрана Бугарија да им помогне во заштитата на воздушниот простор. Тие ја прекинаа работата кршејќи го договорот на историската комисија. Како жена, негодувам за нивниот јазик и сексизам. За балканскиот сексизам нема место во Европската Унија – рече Захариева.

Таа вели дека македонската влада реагирала откако Бугарија испратила сигнали за тоа.

– Кога 30 години не само што толерирате, туку и стимулирате државна политика заснована на омраза кон бугарскиот народ и Бугарија, не можете да бидете подготвени да започнете преговори за членство во ЕУ. Ова е во спротивност со европските вредности. Ова е нашиот аргумент – објасни Захариева.