Заедничката седница на македонската и косовската влада ќе се одржи во Скопје

112

Заедничка седница помеѓу владите на Македонија и Република Косово ќе се одржи во Скопје, а датумот треба да го одредат премиерите на двете земји, Зоран Заев и Рамуш Харадинај, соопшти владината прес-служба по денешната седница.

Според информацијата којашто на предлог на Секретаријатот за европски прашања, денеска ја усвои Владата направени се неопходните подготовки за одржување на заедничката седница. Во рамки на подготовките за седницата течат разговори за дефинирање на соработките помеѓу двете земји, во неколку области и тоа: Транспорт и инфраструктура, трговија и економски развој, Соработка со дијаспората, внатрешни работи, правда, земјоделство, шумарство и водостопанство, здравство, култура, образование.