Заев ќе се сретне со Мицотакис и со грчките бизнисмени во Солун

173

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се сретне со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис и ќе одржи средби со голем број деловни луѓе од компании кои сериозно работат со македонските компании и институции, при учеството на годинашниот Самит во Солун. Самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Грција Прокопиус Павлопулос, ќе се одржи денеска и утре.

Премиерот на овој самит е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да земат учество на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”, која ќе се одржи во четврток навечер на 14 ноември.
 
Самитот во Солун оваа година се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора.