Заев ќе се сретне со Мицотакис во Атина

174

Премиерот Зоран Заев ќе земе учество на конференцијата на „Економист“ в среда, каде што ќе биде и премиерот на Албанија, Еди Рама, со што и двајцата ќе се сретнат со Кирјакос Мицотакис, како што најави грчкиот премиер на денешната прес-конференција одржана во Солун, пренесуваат повеќе медиуми.

Заев ќе учествува на „24-та тркалезна маса со грчката Влада“, односно на дводневната конференција на „Економист“, што традиционално се одржува секоја година.  Годинашната конференција е закажана за вторник и среда во областа Лагониси. Предвидено е македонскиот премиер да учествува на панел-дискусија посветена на Западен Балкан, на вториот ден од конференцијата.

На ланската конференција на „Економист“, учествуваше тогашниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров.