Заев смета дека треба да се почека да поминат изборите во Бугарија

404

Извесно е дека Македонија нема да ги почне пристапните преговори со Европската Унија до крајот на годинава, како што истакна премиерот Зоран Заев во денешното гостување на радио Канал 77.

– Имаме уште малку време и простор, меѓутоа извесно е дека Бугарија месецов пак ќе стави вето. Мислам дека треба да почекаме да им поминат изборите во март, па напролет да се решава прашањето – истакна Заев, кој најави свикување лидерска средба откако ќе разврши ова поглавје од преговорите со Бугарија.