Заев се сретна со пратеникот на македонското малцинство во Албанија

223

Претседателот на Владата Зоран Заев се сретна со Васил Стерјовски, прв пратеник во Собранието на Албанија од македонското национално малцинство во Албанија и од скоро нов претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, партијата на македонското национално малцинство во Албанија.

На средбата е изразена благодарност за поддршката на премиерот Заев и на Владата, на македонското национално малцинство во Албанија што резултира со повеќе придобивки коишто се резултат на добрите пријателски односи меѓу двете држави.

Заеднички е констатирано дека добрите пријателски односи меѓу Македонија и Албанија отворија можности за надминување на повеќе наследени состојби од минатото и шанси за ефикасно работење на гранични премини, подобрување на инфраструктурата, образовни унапредувања во местата каде што живеат граѓани од македонското национално малцинство во Албанија.

На состанокот е заеднички заклучено дека перспективите на Македонија и Албанија се во ЕУ и НАТО и дека евроатлантскиот пат нема други алтернативи за земјите од регионот, бидејќи само на тој начин се можни вистински демократски слободи и права на граѓаните во државите и економски и културен развој согласно европските вредности.