Заев: Предлогот за нова влада ќе биде доставен по изборот на потпретседатели на Собранието

270

Предлогот за новата влада ќе биде доставен откако ќе се изберат потпретседателите на Собранието изјави лидерот на СДСМ и мандатар за составување на влада Зоран Заев, за ТВ21.

– Парламентот прво мора да го утврди бројот на потпретседателите и уште некои други одлуки, а исто така, треба да го верифицира и мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Ќе го доставам предлогот за влада и владината програма до парламентот, штом Собранието заврши со сите овие претходни постапки –  изјави Заев, додавајќи дека станува збор за пратеници кои се следни на листата, откако некои беа предложени за министри.

Рокот за поднесување на предлогот за состав на нова влада е 2 септември.