Заев: Очекуваме кристално чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ

1636

Македонскиот премиер Зоран Заев очекува чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Тој во интервју за ТВ 24 вести вечерва истакна дека речиси 96 отсто од Планот 3-6-9 е реализиран и оти доколку заедно со опозицијата ги изгласаат законските решенија што се останати тогаш би дошле до 99-процентна реализација.

– Кога ќе дојдат еврокомесарот Јоханес Хан и високата претставнична за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, очекуваме идната седмица тие да го соопштат тоа. Од она што ние го знаеме и имаме информации и од тоа што го гледаме заслужуваме кристално чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ – истакна Заев.