Заев : Остануваме посветени на евро-атлантските интеграции

71
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Премиереот Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во телефонски разговор разменија мислења за одлуката на ЕУ да го одложи стартот за преговори на нашата земја за членство во Унијата, соопшти Владата.

Премиерот Заев му го пренесе на генералниот секретар Столтенберг расположението на граѓаните на земјата од историската грешка на ЕУ да не ги одобри очекуваните преговори за пристапување во полноправно членство како разочарувачко и фрустрирачко, наспроти фактот дека нашата земја ги исполни сите услови.

– Тоа не треба и нема да влијае и на остварувањето на втората од двете најголеми стратешки цели на државата – членството во ЕУ, и од спроведувањето на реформите до крај за да ги имплементираме европските вредности во сите наши институции, во сите пори на нашето живеење – истакнал во разговорот со Столтенберг претседателот на Владата, Заев.

Во телефонскиот разговор со Столтенберг, Заев се заблагодари за поддршката на НАТО во нашите евро-атлантски интеграции и истакна дека остануваме посветени на заокружувањето на процесот за полноправно членство во алијансата.

Премиерот Заев го информираше Генералниот секретар на НАТО за резултатите од лидерската средба кај претседателот Пендаровски, и за заеднички договорената согласност за организирање предвремени избори на 12 април идната година.