Заев не сака да разговара за „план Б“ за евроинтеграциите

116

Премиерот Зоран Заев истакна дека Владата не разработувала „план Б“ бидејќи тоа би значело дека се откажува од „планот А“, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Македонија има резервен план доколку преговорите за членство со Европската Унија не почнат во декември.

– Не сакам да разговарам за план Б, мора да успееме – категоричен беше Заев по извршената обиколка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Премиерот додаде дека верува оти Мешовитата комисија за историски прашања ќе успее да изнајде решение, како и дека единствената опција за него е да се изнајдат решенија со почитување и со взаемно разбирање.