Заев на средби со Тачи и со Гаши за заеднички претседателски кандидат

59

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска со средби со лидерите на ДПА и на „Алтернатива“, Мендух Тачи и Африм Гаши ги продолжува консултациите околу можностите за заеднички кандидат за претседател на државата.

Средбата со Гаши е закажана во 15 часот, а средбата со Тачи во 16 часот. Двете средби, како што најавија од СДСМ, ќе се одржат во Клубот на пратениците.

Заев вчера се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Се договориле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата.
За викендот во седиштето на СДСМ беше одржана и средба со лидерите на помалите партии кои се дел од коалицијата.