Заев: Македонскиот јазик е впишан во сите документи и меѓународни организации

361
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонскиот јазик е впишан во сите меѓународни организации, изјави првиот човек на Владата, Зоран Заев, запрашан за негирањето на јазикот од страна на Бугарија.

Заев потврди дека на почетокот на идната година ќе се сретне со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, со кого, како што рече ќе разговараат отворено и пријателски.

Според Заев, недозволиво е во 21 век да се разговара за идентитет којшто е впишан целосно во сите анали, во сите документи и во сите меѓународни организации. Првиот човек на Владата додаде дека Договорот за соработка и пријателство со Бугарија е потпишан согласно Уставот, односно на македонскиот јазик.