Заев и Мицкоски на средба кај Пендаровски

147

Лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва се на средба во претседателската вила на Водно откако претседателот Стево Пенадровски денеска ги повика да најдат решение за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори.

Пендаровски денеска во обраќање до јавноста порача дека нема потреба од воведување нова вонредна состојба објаснувајќи дека ниедна од претходните четири вонредни состојби не биле воведени поради бројот на заразени и починати лица од коронавирус, туку за да може Владата да носи мерки во социјалната, економската и во здравствената сфера.

Претседателот воедно посочи дека доколку не се постигне договор за избори со опозицијата, тоа ќе значи влез во длабока политичка криза, која, како што рече, не е исклучено да премине во безбедносна.