Заев жали што не е постигнат договор за Законот за јавното обвинителство

129
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Премиерот Зоран Заев на прес-конфернеција по синоќешната лидерска средба, рече дека жали што синоќа не постигнале договор за Законот за јавното обвинителство.

Заев рече дека ВМРО-ДПМНЕ побарале предметите на СЈО пред 30 јуни 2017 година да ги преземе Обвинителството чиј што шеф ќе дојде на предлог од опозициската партија.

– Ги интересира да го спасат режимскиот криминал. Мицкоски е подготвен да ги жртвува НАТО и ЕУ за да го спаси криминалот – рече Заев.

Заев спомна и дека виновници за недобивање датум за почеток на преговорите од ЕУ ќе бидат само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговата партија.

Премиерот кажа дека ја разбира реакцијата на новинарите кои синоќа ја напуштија средбата по долгочасовното чекање и одложените информации за тоа кога ќе има информација по одржувањето на лидерската средба, но како што рече работеле на тоа да се изнајде решение за проблемот.