Заев ги повика Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба

115

Премиерот Зоран Заев ги повика лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, и на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на средба во Клубот на пратеници, в петок во 14 часот. 

Заев предлага теми на средбата да бидат законот за СЈО, законот за попис, како и Изборниот законик.

За условот на ВМРО-ДПМНЕ да има лидерска средба само ако се разговара за предвремени избори, Заев вели дека целта е сите партии и власта и опозицијата да се договорат за клучни прашања и важни одлуки за државата до октомври кога се очекува датум за препорака за стар на преговори со ЕУ.

– Подготвени сме за избори напролет наесен или било кога, но државата е приоритет. Останувам на ставот за редовни избори. Брзи избори видовме до каде ја донесоа државата само заради политички калкулации. Ако требаше да се оди на парламентарни избори ќе одевме заедно со претседателските, редовните се декември 2020, но може да разговараме и за октомври идната година – рече премиерот.

Тој посочи дека лидерите треба да постигнат консензус за отворените прашања, за земјата да добие датум за преговори во октомври.