Заев во Радовиш: Се обврзуваме за 4 години да обезбедиме 2,2 милијарди евра јавни инвестиции

26

Денеска на мое големо задоволство сум овде во Радовиш каде ќе се сретнам со граѓаните од овој наш град, ќе разговараме со бизнис секторот, со младите, со земјоделците, со спортистите.С о сите нив ќе разговараме за понудата што СДСМ и коалицијата „Можеме“ понуда ао решенија за граѓаните, понуда која носи нова развојна македонска економија. Таквата развојна економија ќе обезбеди повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати за нашите граѓани, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител во ИЕ 4.

– Се обврзуваме за четири години да обезбедиме 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции. Најмалку една милијарда евра странски инвестиции за четири години, инвестиции засновани на иновации и одржливост на бизнисите. Поддршката за инвеститорите продолжува уште повеќе. Обезбедуваме поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра и тоа300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат пред нас.Мерките и политиките што ги носиме обезбедуваат дополнителен пад на невработеноста. Стапката на невработеност ќе ја намалуваме по три отсто годишно, со цел во 2024 година стапката на невработеност да биде едноцифрена.Тоа го умееме и можеме – рече Заев.

Тој додаде дека ќе покажат дека платите можат да растат уште повеќе. „Просечна плата од 34.000 денари и минимална плата од 20.000 денари, тоа е нашата цел за 2024 која ќе ја оствариме заеднички со работниците, синдикатите, работодавачите. СДСМ како одговорна партија продолжува да го реализира концептот парите назад кај граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на режимот кога парите завршуваа во белиот дворец.

– Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемена минимална плата, против покачување на пензиите и затоа, нема дилема, 15 јули граѓаните ќе ја поддржат нашата Коалиција која носи повеќе пари во семејствата и нема да дозволат обнова на режимот кој само земаше од граѓаните – додаде тој.