Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци што зборуваат македонски јазик

1190

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена на тековниот спор со Бугарија, во која порачува дека во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

– Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот. Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре – нагласува премиерот.

Заев посочува дека токму затоа владата продолжува да бара решенија.

– Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска – напиша Заев на Фејсбук.