Заев: Власите храбро учествуваат во сите историски поглавја на нашата татковина

50

Со особено задоволство од името на СДСМ и од мое лично име го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите, вели во своето обраќање претседателот на оваа партија, Зоран Заев.

– Денеска го одбележуваме Националниот ден на Власите, но оддаваме и признание, благодарни за сè она што го направија и сè уште го прават за нашата заедничка татковина. На овој ден со гордост се сеќаваме на значајната улога на сите Власи кои храбро и пожртвувано учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и богата историја, во борбата за слобода, државност и независност – стои во пораката на лидерот на СДСМ.

Заев нагласува и дека влашката заедница несебично го дава својот придонес во градењето на нашето соверемено општество, заедништвото и меѓусебното почитување.