Заев: Балканот се менува кон подобро место за живеење

285

На заедничката пресконференција од Охрид, премиерот Зоран Заев истакна дека му е чест што на гости ги има лидерите на Западен Балкан.

-Како да ги мотивираме младите да останат тука, како да ги примамиме странските инвеститори, поголемо внимание. Отворена е иницијатива или акциски план којшто создава навистина поразличен Балкан од тој што го знаеме, Балкан на 21 век. Србија, Северна Македонија и Албанија имаат иницијатива со која ги канат останатите шест земји да пристапат. Балканот се менува, кон подобро место за живеење и позначаен фактор на цел европски континент. Акцискиот план предвидува нон-стоп работење на граници, со лична карта движење низ регионот, брзи траки на камиони, со конечна цел голема мобилност на капиталот, стоките – рече Заев.

На регионалната средба учествуваат и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

Тема на средбата беше таканаречениот „мини шенген“ за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал како придонес на граѓаните на сите земји во регионот во постигнување на нивната заедничка крајна цел – полноправно членство во ЕУ.