Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре можат да се пријават за гласање

34
Фото: Игор Бансколиев

Утре истекува рокот за пријавување на лицата кои се позитивни на ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат на претстојните избори.

Како што соопшти Државната изборна комисија, пријавувањето ќе заврши на 8 јули на полноќ.

Овие лица кои сакаат да го остварат правото на глас, регистрацијата можат да ја направат и преку апликацијата за пријавување на гласање, поставена на веб страницата на ДИК .

Лицата во изолација ќе гласаат во понеделник на 13-ти јули. Оние кои ќе се пријават за гласање ќе бидат посетени во своите домови од посебни избирачки одбори, составени од по тројца здравствени работници и претставници на партиите.