Забележани се 31.107 неважечки ливчиња

459
Фото: Игор Бансколиев

Вкупно 31.107 гласачки ливчиња се неважечки, регистрира Државната изборна комисија (ДИК) регистрира според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места. Бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533.

Гласале 927.640 граѓани (51 отсто) од вкупно запишаните 1.814 263 во Избирачкиот список.

Десеттите парламентарни избори траеја три дена поради актуелните услови на пандемија, а се гласаше според протоколот што го утврдија здравствените институции.