Европратеници бараат одлука за почеток на преговорите со Македонија пред изборите

392

Европратеници членови на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – ЕУ побараа одлуката за почеток на пристапните преговори со Македонија да биде донесена пред изборите во земјава, пренесува дописник на МИА од Стразбур.

Во моментов Унијата има историска улогата да им дозволи на младите генерации од Македонија да станат полноправни членови на ЕУ, бидејќи една генерација е веќе загубена, нагласи претседателот на делегацијата на Европскиот парламент во Комитетот, Андреас Шиедер.

Бугарскиот европратеник Александар Јорданов побара ЕУ да донесе одлука за датумот за почеток на преговорите за членство пред изборите во Македонија, со цел да се смират граѓаните на земјата.