Европарламентот со вонредна резолуција пак ќе бара преговори со Македонија

672

Европскиот парламент денеска на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија.

Вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не успеа да постигне консензус на последниот самит.

Според најавите, попладнево би требало да биде одржана дебата, а пратениците се очекува да им посочат на земјите членки дека Советот треба да понесе одговорност за одлуката, да се однесува согласно сопствените заложби и да се држи до принципот на сопствени заслуги во оценувањето на земјите кандидати.