ДУИ ја почнува изборната кампања од Дебар

82

Демократска Унија за Интеграција во оваa изборна кампања влегува во два сегмента, за претседателските избори во земјата и тие за градоначалник на општина Дебар, каде што има предвремени избори.

– Ние како Демократска Унија за Интеграција сме мобилизирани, сите активисти и раководството на партијата за да го означиме следниот успех. ДУИ на овие избори е определена за концептот за НАТО, за Европската Унија, за заедничкиот консензуален претседател, а не за евроскептицизам и скептицизам кон НАТО – соопштуваат од ДУИ.

Од партијата велат дека се определени за инсталирање на концептот на консензуалност за главните прашања во земјата, како што е и прашањето за избор на претседател на државата.

– По успешното заокружување на нормативниот дел од Охридскиот Договор, по потпишувањето на историските договори со соседите, по уставните измени кои го отворија патот на перспективата за нашата земја, Македонија во 2019 година е европска Македонија на која и треба претседател поддржан со консензус помеѓу заедниците во земјата. Затоа и сме максимално спремни за претседателските избори на 21 април, затоа што на земјата повеќе од никогаш и треба претседател прифатен од сите. 2019 година е година на големи одлуки за Западен Балкан и само еден ваков претседател најдобро би успеел да ја балансира тежината на одлуките кои не очекуваат – се наведува во соопштението на ДУИ.

На овие избори, ДУИ ќе има модерна и интерактивна кампања со директни средби со граѓаните, од куќа во куќа и секаде каде што е потребно за да се истакне дека патот за НАТО и ЕУ е поставен и не може да се сопре.

– Ние сме убедени дека патот на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ е неповратен, но тој може да се успори во случај на не избор на еден кандидат чии приоритет е забрзување на овој процес- стои во соопштението. С.Н.М.