Драган Јордановски нов македонски амбасадор во Естонија

142

Премиерот Оливер Спасовски денеска имаше средба со Драган Јордановски, иден амбасадор на нашата земја во Естонија.

– На средбата беше истакнато дека функционирањето на нашите амбасади во земјите членки на ЕУ во полн капацитет е од исклучително значење во претстојниот период на подготовки на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ – соопштија од Владата.

Од аспект на билатералната соработка со Естонија, на средбата било кажано дека особено е важно да се обезбеди континуитет на добрата соработка меѓу двете земји, особено во делот на нашето сојузништво во НАТО и искористување на потенцијалот за збогатување на меѓусебните комуникации во одредени сфери, пред сѐ во делот на образованието и дигиталната технологија.