До 13 часот под 30 отсто одѕив во Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран

68
Фото: Дарко Андоновски

Одѕивот на гласачите во општините од југоисточниот регион за Претседателските избори до 13 часот денеска се движи од 24 до околу 30 отсто, покажуваат извештаите од општинските изборни комисии.

Во општина Гевгелија, до 13 часот на гласање излегле 5.469 граѓани или 28,4 отсто што процентуално е најмногу во општините од овој регион.

Процентот на излезеност во Валандово изнесува 22,27, односно правото на глас го искористиле 2.216 граѓани, во општина Богданци гласале 1.704 граѓани или 25,19 отсто, а во општина Дојран до 13 часот на гласање излегле 656 лица или 24,16 отсто од вкупно евидентираните во гласачкиот список.