Договорот ќе се потпише во недела во Преспа на грчка, а ќе следи ручек на македонска територија

744

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек на македонска страна, дознава дописничката на МИА од Атина.

Дел од грчките медиуми утрово објавија дека договорот ќе биде потпишан во Преспа во Македонија, друг дел пак тврдеа дека потписите ќе паднат на грчка страна.

Но, според информациите на МИА, Никола Димитров и Никос Коѕијас, постигнатиот договор, во присуство на премиерите на двете земји ќе го потпишат во Грција, по што заедно со гостите ќе преминат на македонска територија и ќе следи заеднички ручек.

Без да постои официјална потврда, потпишувањето најверојатно ќе биде задутре. Точните локации и времето на реализација на активностите предвидени во рамки на овој настан дополнително ќе бидат објавени.