Дневна агенда на претседателските кандидати

139

Средби со граѓани и митинзи. Претседателските кандидати и денеска ја продолжуваат кампањата.

Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски денеска својата програма ќе ја претстави пред жителите на Чашка, Лозово и Свети Николе, по што ќе одржи митинг во Велес, додека претседателскиот кандидат подджан од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата Гордана Силјановска-Давкова е на митинзи во Виница и Кочани.

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река, за денеска нема најавено активности.

Кампањата официјално почна на први април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

Пендаровски под мотото „Заедно напред“ ја стартуваше кампањата од Прилеп, Силјановска од родниот Охрид, а Река од Скопје.

Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места.