Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

341

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека за законот треба бадентерово мнозинство.

– И самиот Џафери кога најавуваше дека ќе се гласа со апсолутно мнозинство, рече дека треба дополнително бадентер. Ние го забележавме овој пропуст, но чекавме да се распушти Собранието и да ја известиме јавноста. Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски да не го потпише овој закон, зошто ако одлучи поинаку, се друго е противуставно – рече Димовски.

Тој додаде дека Џафери направил хаос, но добро е што ова е крај, бидејќи конечно завршило неговото катастрофално претседавање со Собранието.

– Немаше гласење за Законот за советот на јавни обвинители, вратете ги снимките назад, ќе видите, немаше бадентер, овој закон не донесен. Овој неуспешен ден е завршен за хунтата на власта – рече Димовски.