Димитров се сретна со Хан, Дендијас и со Бартоло во Минхен

87

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, имаше билатерални средби со Јоханес Хан, еврокомесар за буџет и администрација, со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Дендијас, како и со министерот за надворешни работи на Малта, Еварист Бартоло.

Во фокусот на разговорот со еврокомесарот Хан беа буџетот на ЕУ и преговорите за повеќегодишната финансиска рамка, со акцент на зголемување на европските фондови за земјите од регионот на Западен Балкан.

На средбата со грчкиот министер Дендијас се разговараше за поддршката што Грција ја дава во постигнување на нашата цел – што побрзо почнување на пристапните преговори со ЕУ, како и запазување на континуитетот во имплементирањето на обврските од преспанскиот договор од двете страни.

Средбата со Еварист Бартоло е нивна прва официјална по неодамнешното преземање на функцијата министер за надворешни работи на Малта. Имаше дискусија за изгледите за добивање позитивна одлука од ЕУ за нашето досие и беше изразена поддршка од нивна страна за конечно остварување на таа стратешка цел.